Испишана историја во алпското скијање, по таткото, сега и синот освои злато на ЗОИ

Јоханес Штролц е новиот олимписки шампион во алпско скијање во комбинација откако имаше најбрзо време на ЗОИ во Пекинг. Австриецот имаше време од 2:31.43 минути, што беше за 59 стотинки подобар од Норвежанецот Андре Омот-Килде, додека третото место го освои Џејмс Крофорд од Канада.

Победата на Штролц влегува во историјата на ЗОИ затоа што Јоханес го повтори успехот на неговиот татко Хуберт, кој на Олимписките игри во Калгари во 1988 година го освои златото во истата дисциплина.

- Оглас -

Најнови вести