Во Пештани има бисер тикет на голови, уплати минималец од 20 денари, а ќарот е 10.000 евра (Фото)

Три фантастични добитни тикети се уплатени завчера во Sport Life и сите три носат добивка од над 200.000 денари.

Ненадминлива е десетката во Пештани на тикет што е уплатен за минимални 20 денари, а донесе ќар од околу 10.000 евра.

СО ИГРА НА ГОЛОВИ НЕМА УТКА, И СО 20 ДЕНАРИ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ОГРОМНА СУМА ПАРИ

Прецизно се нанижани 10 натпревари, сите со една од најпопуларните игри што се играат во Sport Life, од 1-2 гола во двете полувремиња, или 1-2I&1-2II.

Сите 10 натпревари се одиграни од колевката на фудбалот, Велика Британија, а шест се од Англија и четири од Шкотска.

Коефициентите се одлични и се движат од 2,65 до 3,10 и вкупно помножени направија фантастична квота од 33.769 за огромна добивка во бруто-износ од 675.395 денари.

Најдраматично беше на двата дуели од Чемпионшип. Нотингам форест го постигна потребниот гол за добивка во 90-тата минута на гостувањето кај Блекбурн, а во Пештани сигурно тешко се преживувале повеќе од 30 минути на мечот меѓу КПР и Мидлсборо бидејќи до 60-тата минута во второто полувреме веќе имаше два гола, па секој нареден погодок ќе го направеше тикетот недобитен.

За среќа на добитникот што го има улатено тикетот во Пештани само за 20 денари, немаше гол до крајот на мечот за супер добивка од точно 574.089 денари нето, исплатени во Sport Life.

ПРЕЦИЗЕН СИСТЕМ 11/13 И СИТЕ ПОГОДЕНИ НАТПРЕВАРИ ДОНЕСОА ЌАР ОД НАД 200 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Интересен тикет што е добитен е уплатен за 200 денари на обложувачкото место Настел на Sport Life во Скопје.

Одигран е систем 11/13 натпревари и сите се погодени, па добивката е 228,852 денари, а штета е што на сопственикот на тикетот му побегна поголема добивка што ќе изнесуваше над 800 илјади денари ако одиграше несистемско ливче.

Но, и вака добивката е одлична, а погодени се 11 натпревари со играта 1-3I&1-3II.

На дуелот Манчестер сити против Брентфорд погоден е знакот 1-1&2-6 гола, а точно е погоден и исходот на мечот меѓу Ајакс и Витесе со играта 2+I&4+.

Клучен за комплетно погодена Тринаесетка на тикетот беше поништениот гол на Бергвајн на мечот меѓу Тотенхем и Саутхемптон во судиското продолжение.

Тука е одиграно 1-3I&1-3II, а мечот заврши со победа на гостите од 2:3 и на полувреме беше 1:1.

ЧЕКАШЕ САМО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ДОБИВКА ОД 3.000 ЕВРА

Над 200 илјади денари е добивката на тикетот уплатен во скопската населба Илинден, а мајсторски се погодени 7 натпревари со иста игра 2+ во прво полувреме.

Многу помогна голот на Дејл Фрај за Мидлсборо во втората минута од судиското продолжение, или во 47-мата минута од првото полувреме, со кој гостите израмнија на 1:1.

На останатите дуели, головите во првото полувреме паѓаа како нарачани за сопственикот на добитен тикет што за уплата од 100 денари, донесе ќар од 213.323 денари во бруто-износ, или околу 3.000 евра во нето-износ.

- Оглас -

Најнови вести