Почина израелскиот кошаркар кој беше удрен од камион, претпоследниот меч му беше во Скопје!

Израелскиот кошаркар Даниел Сасон почина на 28-годишна возраст како последица од повредите здобиени пред десет месеци, кога возејќи велосипед беше удрен од камион.

Сасон беше член на Хапоел Галил Гилбоа, тим кој во минатата сезона се натпреваруваше во Балканската лига БИБЛ. Претпоследен меч во кариерата на Сасон беше гостувањето во Скопје кај ТФТ во СРЦ „Кале“ на 5 април минатата година. Девет дена подоцна се случи сообраќајниот инцидент кој, за жал, заврши фатално за 205-сантиметри високиот кошаркар.

- Оглас -

Најнови вести