Како што беше и најавувано изминативе денови, тоа и се оствари, Џејмс Харден премина во екипата на Филаделфија 76-ерс, во еден од највозбудливите трејдови сезонава.
Досегашната ѕвезда на Бруклин нетс, кариерата ќе ја проолжи во Филаделфија, додека во спротивен правец ќе заминат „бунтовникот“ Бен Симонс, Сет Кари, Ендру Драмонд и два пика во наредните први рунди на Филаделфија.
Симонс бараше да си замине од почетокот на сезоната и конечно дочека такво нешто, додека Сет ќе треба да ја засили ротацијата кај Бруклин.