Петнаесетка на три натпревари изгледа примамливо со Квоти на денот во Sport Life (Фото)

Три нови натпревари со одлични коефициенти и од Топ-лигите има во денешната понуда на Sport Life во Квоти на денот.

За сите три меча коефициентите се поголеми од два, а заедно одиграни на ист тикет имаат коефициент 15.

Лајпциг и Келн ќе го играат премиерниот меч од 22-рото коло во Бундеслигата и актуелниот вицешампион е фаворит, па предлог со Квоти на денот е да одиграте 1&2-4 гола со коефициент 2.55.

Истата квота е и за дуелот меѓу Севилја и Елче во Ла Лига, но со поинаква игра. Севилја никогаш не загубила од Елче на свој терен и ќе ја продолжи убавата традиција со победа на меч најмалку со 3 гола.

Пари Сен Жермен се подготвува за мегадуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но денеска има многу мотиви да го порази Рен, единствената екипа што ги победи во француското првенство сезонава.

Сепак, можно е главните ѕвезди да одморат бидејќи ПСЖ е убедливо прв во Лига 1, па подобро е да се одигра варијанта на голови или според предлогот во Квоти на денот, да има голови во двете мрежи и најмалку по еден погодок во двете полувремиња.

Оваа игра е од сетот новитети на Sport Life, а коефициентот е одличен и изнесува 2.30.

Натпреварите од Квоти на денот може да се играат на ист тикет и да се комбинираат во најразлични варијанти со сите останати игри во билтенот и дневниот додаток на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести