Бостон и Денвер ќе одиграат „тежок“ минус

8577  Бостон селтикс – Денвер нагетс (01:30 часот)

Мечот меѓу Бостон и Денвер ќе биде еден од најинтересните во вечерашната НБА-програма којашто нуди седум натпревари.

Домаќините ја имаат благата фаворитска улога, но кога од спротивната страна го имаш Никола Јокиќ, ништо не е сигурно.

И двете екипи играат одлична дефанзива, па затоа треба да се очекува мал број поени и на оваа средба.

Предлог тип: <217.5 (1.88)

 

8576 Филаделфија 76-ерс – Оклахома сити тандер (01:00 часот)

Филаделфија во последниот ден од трејдот доби големо засилување во Џејмс Харден, додека во спротивен правец кон Бруклин заминаа Бен Симонс, Сет Кари и Андре Драмонд.

За очекување е дека вечерва Брадата ќе биде во тимот, кој не би требало да има проблеми да оствари лесна победа над еден од пославите тимови сезонава, Оклахома сити тандер.

Ембид повторно ќе има блескава вечера, а потпомогнат од Харден, публиката ќе види големо кошаркарско шоу.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -12.5 (1.92)

 

8580 Јута џез – Орландо меџик (03:00 часот)

Јута е апсолутен фаворит на оваа средба и сè освен убедлива победа на домаќините ќе се смета за изненадување.

Гостите повторно се соочуваат со голем број повредени играчи, па затоа за очекување е да го видиме Хасани Гравет, некогашниот играч на МЗТ, во ротацијата на гостите.

Јута ќе биде без Руди Гобер, но тоа нема да им попречи да имаат уште една квалитетна претстава пред своите навивачи.

Предлог тип: 1 со хендикеп прво полувреме, -6.5 (1.90)

 

8579 Чикаго булс – Минесота тимбервулфс (02:00 часот)

И двете екипи играат исклучително ефикасна кошарка, со голем број поени.

Но, интересно е што на последната меѓусебна средба која се одигра пред почетокот на сезоната, видовме исклучително мал број поени и победа на Минесота од 78:59.

Домаќините ќе бидат без Лонзо Бол, кој закрепнува од повредата на десното колено, додека Минесота ќе биде комплетна. Сепак, границата од 241,5 поени изгледа навистина висока, па затоа очекуваме дека ќе има помал број поени.

Предлог тип: <241.5 (1.93)

 

8575 Детроит пистонс – Шарлот хорнетс (01:00 часот)

Сосема различно е расположението сезонава кај навивачите на Детроит и Шарлот.

Детроит има пет едноподруго порази и е на последното место во Источната конференција, а во таква „црна“ серија се и гостите.

Шарлот не блеска во последно време, но и покрај тоа е во конкуренција за настап во плејофот бидејќи е на деветтото место, па затоа вечерва победа ќе му биде повеќе од потребна.

Предлог тип: 2&<226.5 (2.75)

- Оглас -

Најнови вести