Ибраими најдобар фудбалер и стрелец за сезоната 2017/18 во ПМФЛ

Бесарт Ибраими е најдобар фудбалер во ПМФЛ за сезоната 2017/18, а голгетерот на Шкендија ја доби и наградата за јадобар стрелец во македонското првенство. Актуелниот национален шампион, фудбалскиот клуб Шкендија доминираше во речиси сите категории, односно награди за изминатата сезона.

Токму предводникот на Шкендија, Ќатип Османи, беше избран за најдобар тренер, откако минатата сезона ги предводеше тетовци до двојна круна.

Енис Барди ја доби наградата за најдобар репрезент на мак-фудбалот во странство, додека капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, ја доби наградата за посебен придонес за развој на фудбалот на овие простори.

Сениорски фудбал

Најдобар фудбалер во ПМФЛ – Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)

Најдобар стрелец – Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)

Најдобар тренер на годината – Ќатип Османи (ФК Шкендија)

Најдобар репрезент на мак-фудбалот во странство – Енис Барди (ФК Леванте, Шпанија)

Посебен придонес за развој на мак-фудбалот и репрезезнтативен фудбал – Горан Пандев

Младински фудбал

Најдобар фудбалер во младински фудбал – Енис Фазлагиќ (ФК Шкендија)

Најдобар стрелец во младински фудбал – Јахја Абдулхади (ФК Вардар)

Најдобар клуб во младински фудбал – ФК Шкендија

Најдобар тренер во младински фудбал – Беким Османи (ФК Шкендија)

Женски фудбал

Најдобар стрелец во женски фудбал – Уза Максути (ЖФК АС јунајтед)

Најдобар фудбалер во женски фудбал – Александра Ристосвска (ЖФК Тиверија)

Најдобар тренер во женски фудбал – Илија Мандаров (ЖФК Драгон)

Перспективен фудбалер во младински женски фудбал – Јана Чубриновска

Футсал

Најдобар играч во футсал – Дарко Ранготов (КМФ Велес)

Најдобар тренер во футсал – Марјан Стефановски (КМФ Велес)

Фудбалски работник

Најдобар фудбалски работник – Кирил Гогов (ФК Кит – Го Пехчево)

Признание за придонес во женски фудбал – Славе Велков

Фудбалски судија

Најдобар фудбалски судија – Марјан Марковски

Фер – плеј

Фер – плеј екипа на годината – ФК Шкендија

- Оглас -

Најнови вести