Речиси еднаков број прогнозери типуваат победа на Наполи и победа на Интер во дербито

Утре, сабота 12 февруари, во 15.30 часот завршува терминот до кој може да се вклучите со свои типови во 23-тото коло на интересната и бесплатна Спортска прогноза.

Во ова коло најголем интерес привлекуваат двете дербија од италијанската Серија А, дуелите на Наполи и Интер, како и пресметката на Божицата Аталанта со Старата дама Јувентус.

Елиф Елмас и соиграчите со победа над првакот и актуелен лидер Интер, може привремено да го преземат првото место. Трката за титулата е тесна, разликата е само еден бод во корист на Интер, а Нераѕурите од Милано имаат и еден меч помалку.

Прогнозерите се доста поделени околу овој пар. Од оние што досега типувале, речиси половината веруваат во нерешен исход, а другите се максимално поделени. За победа на Наполи се изјасниле 28,62 отсто, додека за победа на Интер 28,79 отсто од играчите на Спортска прогноза.

Што се однесува до второто дерби во Италија, кое е в недела вечерта, мнозинството (63 проценти) прогнозери му дава предност на Јувентус на гостувањето во Бергамо. Ова се два тима кои во моментов се борат за четврто место, но според формата, клубот од Торино е во предност.

Има уште многу интересни натпревари во основната понуда од 13 меча. Потсетување дека за 13-ка, премијата е „ајфон 12“, за 12-ка добивате ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11 погодоци, ваучер со вредност од 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести