Џејмс Харден беше ѕвезда на преодниот рок во НБА, правејќи трансфер според кој сега е нов играч на Филаделфија 76. Во голема размена, Харден си замина од Бруклин и со „76-ките“ ќе се обиде да стигне до титулата.
Доаѓањето на Харден во Филаделфија не ги израдува само кошаркарските фанови во градот, туку и газдите на ноќните клубови. Харден е познат како човек кој сака да излегува и да се забавува, па и да потроши голема сума на пари.
Од еден ноќен клуб му посакаа посебно добродојде на Харден и му порачаа дека веќе му имаат резервирано посебно сепаре во клубот порачувајќи му дека го чекаат со „отворени раце и нозе“.
View this post on Instagram
За Харден не е проблем да троши многу пари во ноќните клубови, затоа што неговата годишна плата е неверојатни 47 милиони долари, односно речиси еден милион долари на неделно ниво.
По завршување на сезонава, Харден ќе има можност да потпише нов четиригодишен договор според кој ќе заработи дополнтелни 223 милиони долари.