Тотенхем со стил се враќа на победите на домашен терен

1110 Тотенхем – Вулверхемптон (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Тотенхем во минатото коло загуби од Саутемптон на домашен терен со 2:3 и со тоа го доживеа првиот неуспех во Премиерлигата под водство на Антонио Конте.

За италијанскиот стратег, пак, ова е прв домашен неуспех од октомври 2020 година кога го предводеше Интер.

Но, тоа е веќе зад тимот од Лондон кој мора да победи денеска доколку сака да осане во трката за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Англија. Противникот не е нималку лесен, бидејќи Вулверхемптон е на осмото место со 34 освоени бода.

Но, Хари Кејн и соиграчите тешко дека два пати по ред ќе погрешат на домашен терен.

Предлог тип: 1&Т12+ (2.11)

1109 Њукасл – Астон Вила (Премиер лига Англија, 15:00 часот)

Излишно е да се зборува за проектот на Њукасл, кој има амбиции во наредните сезони да биде во врвот на Англија.

Иако беа на самото дно, тимот со новите засилувања почнува полека да функционира и да бележи резултати.

На последните четири средби има два нерешени исходи и две победи, но против одличната Атон Вила ќе биде тешко. Стивен Џерард го препороди тимот со доаѓањето, а истото важи и за Фелипе Кутињо кој игра навистина одлично. Офанзивата е појакиот дел на двете екипи, па може да се очекува голеада.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.11)

1307 Леванте – Бетис (Ла Лига Шпанија, 16:15 часот)

Двете екипи во сосема различно расположение го дочекуваат овој меч.

И додека Енис Барди и Леванте мака мачат со тоа за да обезбедат опстанок и да победат барем една средба, Бетис е на четврттото место и бара пласман во Лигата на шампионите по подолго време.

Но интересно е што на последните три средби кога Леванте е домаќин, овој тим редовно дава по четири погодоци во мрежата на Бетис, па затоа ќе типуваме „поризично“ на оваа средба, со оглед на моменталната форма и предвидуваме дека Леванте ќе даде најмалце два гола во мрежата на Бетис.

Предлог тип: Т12+ (2.55)

1808 Унион Берлин – Борусија Дортмунд (Бундеслига Германија, 15:30)

Борусија Дортмунд е еден од ретките тимови кој што нема одбрана. Секако, ова го кажуваме фигуративно, бидејќи на 21 натпревар во Бундеслигата имаат примено 36 а постигнато 54 голови.

И денеска на располагање ќе го немаат Ерлинг Халанд но, тоа не би требало да претставува проблем, барем некој од соиграчите да постигне некој гол.

Унион Берлин е одчичен домаќин и на 10 натпревари пред својата публика има шест победи и три ремија, па затоа ќе биде исклучително тешко на гостите да победа, но, со сигурност може да очекуваме нова голеада.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.92)

1704 Монако – Лориен (Лига 1 Франција, 13:00 часот)

Монако е еден од најнепредвидливите тимови од топ 5 лигите. Кога најмалку се очекува, екипата од кнежевството прикажува одличен и победнички фудбал, додека и неретко знае да киксне против аутсајдерите.

Лориен е токму аутсајдер на оваа средба, бидејќи се наоѓаат на делба на 18-то место кое носи во зоната за испаѓње.

Сепак, домаќините нема да си дозволат нов испад пред своите навивачи особено кога тимот игра многу подобро по промената на Нико Ковач и се на само на седум бода од третопласираниот Олимпик Марсеј, позиција која што носи во квалификациите од Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1&3+ (1.89)

- Оглас -

Најнови вести