Португалецот посакува трансфер во ПСЖ – Ќе ги видиме ли Роналдо и Меси во еден ист тим?

Кристијано РОналдо е разочаран од игрите на Манчестер јунајтед и според англиските медиуми тој му порачал на неговиот агент, Жорж Мендеш да успее да договори трансфер во ПСЖ.

Португалецот сака да замине во конкурентен тим за трофеи, а воедно тоа ќе претставува фантастична можност за нас фановите да ги видиме Роналдо и Лионел Меси во еден ист тим.

Во досегашниот тек од сезоната, Роналдо има осум постигнати погодоци, и е еден од најдобрите играчи на Манчестер, но остатокот од тимот едноставно потфрли на сите позиции, па веќе се збогуваа со титулата во Премиер лигата, како и двете куп натпреварувања во Англија.

Единствено остана таа од Лигата на шампионите каде што во осмина-финалето ќе се соочат против Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести