Вајли е во форма, македонскиот репрезентативец даде 24 поени против евролигаш

Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец, Џејкоб Вајли, со 24 поени беше прв стрелец на Бетис во поразот на гостувањето кај Басконија во дуел од шпанската АЦБ лига.

Баскијците победија со 93-72, а една третина од поените на гостинскиот тим ги постигна Вајли, и неговата добра форма е позитивен сигнал за македонскиот селектор Драган Бајиќ пред дуелите со Грузија на 24-ти и 27-ми февруари од квалификациите за СП 2023.

Вајли против Басконија играше 22 минути, па имаше повеќе поени од минути. Собра и три скока, а погоди 12 од 14-те обиди за двојка. Бетис е претпоследен на табелата.

- Оглас -

Најнови вести