За сите е супер кога се лидери на Божиќ, освен за Ливерпул

Ливерпул е најмалерозниот клуб во Англија кога станува збор за изборено лидерско место на католички Божиќ, а на крај клубот не станал шампион. „Црвените“ засега цврсто газат во Премиерлигата, лидери се, ќе бидат први и на Божиќ, но во минатото, Ливерпул трипати бил прв на 25 декември, па не освоил титула.

Ниту еден друг клуб нема толку лоша традиција кога бил прв на 25 декември. На Ливерпул, ваква ситуација му се случи во 2013 година. Всушност, од последните девет сезони, само во таа 2013/2014, тимот кој бил прв на Божиќ, не успеал да освои титула.

Синоќа Ливерпул славеше против Вулверхемптон, па тренерот Јирген Клоп сега има победи против сите 32 британски клубови против кои Германецот се сретнал во кариерата како предводник на Ливерпул, кој веќе 28 години чека титула. Само Ливерпул нема пораз во Премиер лигата досега и ќе се обиде да го повтори подвигот на Арсенал од 2003/2004 кога „топчиите“ ја завршија сезоната без пораз.

- Оглас -

Најнови вести