Цените на влезниците на овогодинешниот Супербол изнесуваа од над 2.000 долари, а некои достигнуваа и до 150 илјади долари.
Лос Анџелес ремс на „СоФи стадионот“ во Калифорнија го освои вториот Ломбарди трофеј во историјата на франшизата, а интересна фотографија доаѓа од овој настан.
Еден од присутните на трибините е „фатен“ како гледа фудбалски натпревар од Аргентина меѓу Бока јуниорс и Колон, кој започна еден час подоцна од спектаклот во Лос Анџелес.
Таа средба од Аргентина заврши со резултат 1:1, а единствено можеме да сфатиме доколку ја чекал средбата за огромна добивка или пак е еден од „изгорените“ навивачи на великанот.