Спалети потврди дека Елмас ќе биде стартер на „Камп ноу“ против Барселона

Наполи се подготвува за тешкото гостување кај Барселона од Лигата на Европа, а во првиот состав на италијанскиот тим за в четврток вечерта на „Камп ноу“ најавен е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Повредата на Матео Политано ги разреши дилемите кај тренерот Лучијано Спалети околу тоа дали Елмас треба да биде стартер или резерва. Елмас и викендов на дербито со Интер влезе во игра на местото на Политано, кој се повреди.

- Оглас -

Најнови вести