Секоја чест: НФЛ-играч водеше девојче на прв танц откако нејзиниот татко почина (ФОТО)

Иако изминативе денови во САД главна тема беше Суперболот, сепак и прекрасниот гест на играчот Ентони Херис беше за секоја чест.

Тој ја одведе 11-годишната Одри Соап на нејзиниот прв танц на местото на нејзиниот татко, кој починал неодамна. „Се чувствував навистина добро и не ми беше гајле што зборуваат другите, тоа е најважно во животот“, изјави Херис.

Тој игра на позицијата „сејфти“ за екипата на Филаделфија иглс, којашто својот настап го заврши во регуларниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести