Вардар со Демир ќе атакува на враќање во првата лига (ФОТО)

Екипата на Вардар го претстави Бенјамин Демир како ново засилување. Црвено-црните со некогашниот свој играч од младинската школа ќе атакуваат на експресно враќање во најсилната македонска фудбалска лига.

Демир дојде од екипата на Скопје, а во својата кариера има настапувано за голем број македонски тимови, додека се има пробано и во екипите на Хајдук и Интер Запрешиќ од Хрватска.

Вардар во моментов е третопласиран во втората лига – Запад, со 29 бодови, а пред него се Воска спорт со 32, а Силекс е убедливо напред со 41 бод.

- Оглас -

Најнови вести