УЕФА ја објави висината на наградниот фонд за Европското првенство во фудбал 2020 година, и тој изнесува 731 милиони евра. Самото учество на континенталниот шампионат значи добивка од 9,25 милиони евра.
Ова е мотив плус и за македонската репрезентација, која најпрвин преку квалификациите кои ќе се играат во 2019 година, а ако не успее, потоа и преку баражот во Лигата на нации, да се најде на ЕП и да заработи најмалку 9 милиони.
Секоја победа во групна фаза, носи добивка од 1,5 милиони евра, а освоен бод е 750.000 евра. Пласманот во осминафиналето, УЕФА ќе го награди со 2 милиони, влез во четвртфинале носи 3,25 милиони евра, а полуфинале 5 милиони. Европскиот првак за победа во финалето ќе земе 10 милиони евра, а пиразениот во финалето, ќе добие 7 милиони.
ЕП 2020 за првпат во историјата ќе се одржи во 12 различни града. Листата на домаќини ја сочинуваат Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург. Полуфиналињата и финалето, ќе се играат во Лондон.