Мохамед Салах приреди подвиг што се памети и го има постигнато само уште еден фудбалер, во иста сезона да им постигне гол и на Милан и на Интер.
Вечерва Фараонот на Ливерпул ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ и на Интер во 83-тата минута, со што ја запечати победата на англисскиот гигант од 2:0 на „Џузепе Меаца“ во првиот осминафинален дуел од двомечот со италијанскиот шампион.
2 – Mohamed Salah is only the second player to score against both AC Milan and Inter Milan in the same Champions League season, after Peter Crouch for Tottenham in 2010-11. Robot.
— OptaJoe (@OptaJoe) February 16, 2022
Претходно во двата натпревари против Милан во овој циклус на ЛШ, но во фазата по групи, Салах постигна голови и во Ливерпул и во Милано во победите од 3:2 и 2:1 на неговиот тим.
#UCL
Inter 0-2 Liverpool | GOAL! Mo Salah.Follow @IFAST29 To See Goals pic.twitter.com/cKU1D4X3D5
— UCLlive1 (@ULlive1) February 16, 2022
Ваков подвиг досега имаше само Питер Крауч како фудбалер на Тотенхем во сезоната 2010/11, па сега му се приклучи и Салах со најмалку по еден погодок против миланските гиганти во иста сезона во еврокуповите.