Супер типот на Sport Life и денеска е шаренолик и интересен, особено заради натпреварите во Лигата на Европа во фудбал.
Секогаш кога играат екипи од рангот на Барселона, Наполи, Порто, Лацио…, има одличен избор и интерес, а џокер со специјален коефициент може да се најде и од натпревари во други спортови.
Во понудата од 16 натпревари има многу фудбал, тенис, кошарка и ракомет, или за сечиј вкус и интерес, па може лесно да се најде фаворит меч за поголеми добивки во Sport Life.
Џокер може да се искористи многу рано, веќе на тенискиот меч меѓу Петра Квитова и Јелена Остапенко од 11 часот, а во дуелот на двете тенисерки што имаат гренслем-титули може да се одигра единица на потрофејната Квитова со коефициент од 1,92.
До почетокот на дербито во Лигата на Европа меѓу Барселона и Наполи во 18.45 часот има уште три тениски дуели, а потоа во фокусот ќе биде Лигата на Европа со голем избор и специјални коефициенти.
Има и интересни кошаркарски и ракометни натпревари со вкупно 40 различни комбинации на игри на вкупно 16-те понудени натпревари.