За половина мечеви од колото на Спортска прогноза играчите веќе имаат јасни фаворити

Помина половина од терминот за типување за 24-тото коло од Спортска прогноза, па веќе се наѕираат некои од фаворитите кои ги имаат прогнозерите.

Оваа рунда започнува в сабота, во 15 часот, и тоа со средбата меѓу Сампдорија и Емполи од италијанската Серија А, и тоа е терминот до кој може да прогнозирате и да бидете во конкуренција за добивање на некои од подароците.

За овој меч во Џенова, играчите имаат јасен фаворит, тоа е домаќинот, за чија победа, барем во моментов, веруваат дури 83,6% од прогнозерите.

Над 70 отсто од прогнозерите кои досега се изјасниле веруваат и во победи на Волфсбург, Севилја, Ремс и Барселона, а процентот за победа на Лион е 69,5.

Особено интересна е довербата во Севилја и Барса, два тима кои имаат непријатни гостувања. Севилја има меч со Еспањол кој неодамна за неколку секунди испушти победа во градското дерби, а Барса гостува кај непредвидливата Валенсија, која дома подобро игра против фаворитите.

Потребно е да се погодат сите 13 натпревари од основната понуда за да се добие прекрасниот „ајфон 12“. Со еден промашен пар, се добива ваучер од Sport Life од 1.000, а со две утки и 11-ка, ваучер од 500 денари.

За да учествувате во оваа бесплатна игра, потребно е да имате SL картичка за која доколку ја немате, можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести