Партизан победи во Прага, Динамо со минус два се враќа од Севилја

Српскиот тим Партизан победи на гости кај Спарта Прага во првиот меч од плејофот во Конференциската лига, покажувајќи дека има квалитет за останување во европските натпреварувања. Квинси Мениг со гол во 78-мата минута им донесе голема радост на Црно-белите, кои во реваншот ќе играат во Белград.

Во конференциската лига, Лестер со 4:1 победи против Рандерс, додека Олимпик Марсеј со 3:1 го победи Карабах. Најголемото изненадување го направи норвешкиот Бодо/Глимт, кој славеше со 3:1 во Глазгов против Селтик. Бодо/Глимт е тимот кој во групната фаза со 6:1 ја победи Рома на Жозе Мурињо, а сега направи уште едно изненадување во плејофот.

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа во стартниот тим на Динамо Загреб, кој загуби на гости кај Севилја со 3:1. Сите четири голови беа постигнати во првото полувреме. Ристовски доби жолт картон, а потоа беше заменет во 76-тата минута, додека Адеми го одигра целиот дуел.

Во останатите мечеви од плејофот во Лигата на Европа: Аталанта – Олимпијакос 2:1, Порто – Лацио 2:1, Лајпциг – Сосиедад 2:2.

- Оглас -

Најнови вести