Првиот меч од потрагата за прекрасниот „ајфон 12“ започнува утре во 15 часот

Новото, 24-то коло на Спортска прогноза стартува утре од 15 часот, со натпреварот меѓу Сампдорија и Емполи. Како што веќе пишувавме, играчите имаат изразит фаворит на оваа средба.

Прекрасниот „ајфон 12“ и овојпат ќе биде во игра како и досега, а потребно ќе биде да се погодат сите 13 натпревари од оваа рунда, доколку пак имате едно промашување, ви следува SL ваучер од 1.000, а со две промашувања ваучер од 500 денари.

По средбата во Серија А, половина час подоцна следува и дуелот од Бундеслигата меѓу Волфсбург и Хофенхајм, каде што за триумф на домаќините типуваат 73,66% од играчите. Од 16 часот се среќаваат Саутхемптон и Евертон а „најгласни“ се тие што сметаат дека ќе нема победник (41.26%).

Лион, според многумина (68,71%), е апсолутен фаворит на гостувањето кај Ленс, а најизрамнето е на мечот меѓу Келн и Ајнтрахт Франкфурт.

На победа на домаќините се надеваат 38,79%, нерешен исход очекуваат 36.66%, а 24,55 проценти од играчите навиваат за двојка.

Последната средба од саботната програма ја играат Кадиз и Хетафе, а како ретко кога, повеќе од половина од играчите сметаат дека ќе нема победник (54,13%).

За да учествувате во оваа бесплатна игра, потребно е да имате SL картичка, која доколку ја немате, можете бесплатно да аплицирате во некој од уплатните објекти на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести