Пенал-драмата и донесе финале на Русија, ќе играат за олимписко злато против Финска

Русија и Финска ќе играат во големото олимписко финале во хокеј на мраз, за златниот медал, откако по вистинска драма и долга пенал серија од вкупно 16 удари, Русите ја победија Шведска со 3:2.

Во регуларниот дел беше нерешено, 1:1, а пенал-серијата беше исклучително возбудлива.

Дури во осмата серија Грицјук погоди за Русија, откако претходно промаши Фриберг и Русија славеше голема победа против Шведска.

Во пенал серијата беа постигнати само пет гола од 16 обиди.

Претходно, Финска ја победи Словачка со 2:0 и си закажа меч за титулата во недела.

Шведска и Словачка ќе играат пред мечот за титулата во малото финале за бронзениот медал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести