Работнички ги минува најтешките мигови во богатата клупска историја, а и денеска беше нерамноправен противник на Феникс и загуби со 49:74 во четврфиналето на македонскиот куп.
Со подмладен состав и без странски кошаркари најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија беше лесен залак за Феникс.
Неизвесно беше само до полувремето, што го доби Феникс со 30:28, а потоа следеше нивна доминација.
Во третиот период се беше решено, по предноста на третиот полуфиналист во националниот куп од 53:39.
Разликата растеше постојано и во последниот период за рутинска победа на Феникс од 25 поени.
Андреј Митревски со 18 поени беше прв кошгетер на мечот и тој го предводеше својот тим на патот кон полуфиналето и меч против актуелниот бранител на пехарот, МЗТ Скопје.
Морган постигна 14 поени, а Трајковски го заврши мечот со 10. Кај поразениот тим Горјан Марковски беше најефикасен со 13 поени, а Данаиловски уфрли 11.
Вечерва од 19,30 часот ќе се игра последното четвртфинале меѓу Еуро Никел и ФМП Академија, а победникот од тој меч ќе игра со ТФТ Скопје во полуфиналето.