Борец и Шкендија ќе играат во премиерниот меч од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска од 14 часот во Велес.
Мечот е интересен иако разликата во бодови е голема во корист на шампионот Шкендија.
Моментно второпласираната екипа во ПМФЛ има 37 бода и ќе игра против претпоследниот Борец, кој има 13 бода и бие жестока битка за опстанок.
Тетовци се фаворити и ќе сакаат да ја продолжат серијата од 4 меча без пораз од Борец, а велешани се надеваат на фреприза од пред две години кога на свој терен ја победија Шкендија со 4:2.
Бодовите се исклучително важни, па пораз ќе значи драстично намалување на шансите на Борец за опстанок, или веројатно и збогување на Шкендија со амбициите да се одбрани титулата.
Во истиот термин од 14 часот ќе се играат и сите натпревари од 16. коло во двете Втори лиги.