Најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ беа разочарани од ремито на гостувањето во Охрид, по кое Црвено-црните се најдоа на заостанување од пет бода зад второпласираниот во Втора лига Запад, Воска Спорт.
Комитите беа присутни на мечот во Охрид и ги бодреа своите миленици, кои не успеаа да ја затресат мрежата на домаќините и на крајот се вратија со само еден освоен бод.
Комитите преку сојцијалните мрежи упатија порака:
„На трибини прва лига, на терен недостојни ни за второлигаши !
Штетата е направена, Вардар е доведен во подредена положба, веќе нема никаква контрола над ситуацијата на табела, и натамошниот дел од првенството.
“Бидете спремни на долг престој во втората лига” – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА !“