Џабе е прекрасната асистенција на Меси кога ѕвездениот ПСЖ се посрамоти против Нант (ВИДЕО)

Пред само неколку дена го демолираа Реал Мадрид со играта на теренот и го победија а вечерва фудбалерите на ПСЖ изгледаа како прв пат да играат фудбал.

Против Нант изгубија со 3:1, иако на теренот ги имаа Меси, Нејмар и Мбапе. Домаќините одиграа фантастично прво полувреме и со головите на Коло Муани (4′), Квенин Мерлин (16′) и Лудовик Бјас (45′ пенал) водеа со 3:0.

На самиот старт од второто полувреме, Нејмар погоди откако Лео Меси му даде фантастична топка на Бразилецот, кој во 56-та минута се посрамоти од пенал.

И покрај поразот, ПСЖ останува убедливо прв со 59 бода во Лига 1 пред Олимпик Марсеј кој има 46 и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести