Дорјан Бабунски ги постигна првите погодоци во дресот на Дебрецин во мечот против Пушкаш Академија од 21-то коло на првата унгарска лига.
Македонецот со неговите голови во 17-та и 70-та минута му ја донесе победата од 2:0. Со оваа победа, Дебрецен сега има 25 бодови и полека но сигурно се издигнуваат над опасната зона.
Во моментов се на осмото место, додека на позицијата под број 11 која носи пад во втората лига е МТК Будимпешта со 20 бода.
И Дорјан Бабунски играше на оваа средба, но тој го напушти теренот во 61-та, додека стрелецот на двата погодоци излезе во 73-та минута.