Чудо е Бундеслигата – Фаворитите се изнадаваа голови, просекот е 6 по меч

Бундеслигата е една од најефикасните лиги на светот, а Германците потврдија дека се мајстори за голови и вечерва со дури 18 погодоци на три меча.

Баерн Минхен со победа од 4:1 против Гројтер фурт ја најави германската неделна голеада, а продолжија Борусија Дортмунд со победа од 6:0 против Борусија Менхегладбах и Лајпциг, кој ја декласираше Херта со 6:1 во Берлин.

Блескаа Марко Ројс со два гола и три асистенции на дуелот на двете Борусии, што го добија популарните Милионери со 6:0, потоа и Дани Олмо со гол и две асистенции за Лајцпиг во гол-шоуто против Херта и Роберт Левандовски со два гола на дуелот меѓу Баерн и Гројтер фурт.

Просекот на трите натпревари е точно шест гола по натпревар, што е извонреден ефект и за Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести