Црвена Ѕвезда апсолутно доминираше во финалето на српскиот кошаркарски куп на Србија и со убедлива победа од 85:68 против вечниот ривал Партизан ја одбрани титулата.
Неверојатен тек имаше финалето во Ниш и Црвена Ѕвезда водеше од почеток до крај, а дербито за пехарот беше решено уште во првото полувреме што го добија „црфвено-белите“ со 49:28.
Партизан во второто полувреме успеа да биде рамноправен, но успеа да стопи само четири поени негатива и немаше шанси за пресврт и за изненадување.
За мала утеха, Партизан го имаше најдобриот стрелец во финалето, а тоа е Лесорт со 19 поени.
Калиниќ со 18 поени беше прв стрелец во победничкиот табор.