Македонскиот ракометен шампион Вардар се засили со добро познато име и Стефан Додиќ ќе го носи „црвено-црниот“ дрес до крајот на сезоната .
Српскиот репрезентативец доаѓа од редовите на ракометниот клуб Охрид.
Порано играше и за Металург, па Вардар ќе му биде третиот македонски клуб за кој ќе настапува.
Договорот ќе важи за до крајот на овој циклус натпревари, а по завршувањето на сезоната, Додиќ ќе се пресели во редовите на полскиот гигант Кјелце.
Стефан игра на позицијата среден бек и ќе ја засили конкуренцијата во тимот што го предводи Давид Дејвис.
Има право да игра веднаш и се очекува да биде на терен против ППД Загреб, на меч од Лигата на шампионите закажан за во среда.