Французинот Пол Погба е подготвен да направи сериозно предавство и од Манчестер јунајтед летово да се пресели во градскиот ривал Манчестер сити, и тоа како слободен играч, без Црвените ѓаволи да добијат отштета.
Сити е еден од малкуте клубови кои може да си дозволат на Погба да му ја дадат платата која ја бара. За Погба има интерес и од Реал Мадрид, Јувентус, ПСЖ, а сега интерес пројавува и Сити. На Пеп Гвардиола му се допаѓат карактеристиките на Погба и ќе се обидат летово да му зададат силен удар на трофејниот сосед и лут локален ривал.
Погба има одигра 224 меча за Јунајтед и може да стане првиот по Карлос Тевес од 2009 година кој директно од црвената преминал на сината страна од градот на текстилот и фудбалот.