(Не) се очекуваше ова, ПСЖ игра послабо кога ѕвезденото трио се стартери

Нападот на Пари Сен Жермен со Мбапе, Меси и Нејмар, кој летоска кога се формираше, сееше страв кај противниците, и не е толку убедлив како што се мислеше. Кога ќе се погледне статистиката, бројките кажуваат дека тие тројца заедно на терен не ги уништуваат противниците.

Меси, Нејмар и Мбапе сезонава деветпати беа заедно во почетниот состав на ПСЖ, а тимот од Париз на тие мечеви има само четири победи. Со овие тројца како стартери, Светците загубија три меча, иако се мислеше дека ПСЖ има непобедлив тим.

На овие девет средби, ПСЖ постигна скромни 13 гола, од кои само шест се на најголемите ѕвезди, додека други седум ги даваа други нивни соиграчи.

Најголемата победа на ПСЖ со Нејмар, Мбапе и Меси во почетните 11 беше против Манчестер сити во Лигата на шампионите. Поразите им се од Манчестер сити, Рен и Нант.

- Оглас -

Најнови вести