Некогашниот масер на ФК Вардар, Бранислав Белевски – Будла почина. Легендарниот Будла во 1983 година дојде во Вардар и речиси 20 години беше неизбежна алка од најтрофејниот македонски клуб.
Будла беше познат како човек кој ги сакаше сите фудбалери како свои деца и беше препознатлив лик во најубавите денови на Вардар.