Македонскиот кошаркарски национален тим одвај го формира играчкиот ростер за натпреварот против Грузија од квалификациите за СП 2023, закажан за в четврток од 16 часот во Тбилиси.
Селекторот Драган Бајиќ е позитивен на ковид-19 и ќе мора да остане во Скопје, па тимот ќе го водат Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ.
Стручниот штаб се определи за следниве 12-мина кошаркари: Бојан Крстевски, Андреј Митревски, Кристијан Николов, Војдан Стојановски, Максим Митевски, Павел Данаиловски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Валмир Какруки, Џејкоб Вајли и Виктор Ефремовски.
На дуелот со Грузија во Скопје на 27 февруари се очекува составот да биде посилен за Ненад Димитријевиќ, можеби и уште некој.