Зошто само копачките на Меси не се гледаат?

Пари Сен Жермен неодамна ја промовираше новата лимитирана колекција на дресови, а еден мал детаљ привлече посебно внимание.

На фотографиите на кои беа ѕвездите од машкиот и женскиот тим на ПСЖ, копачките на Лионел Меси беа покриени. Зошто само копачките на Аргентинецот не се гледаат на фотографиите?

Меси има договор со „Адидас“ и носи копачки од овој производител, додека ПСЖ својата опрема ја има од „Најки“ во соработка со брендот Ер Џордан. Виртуозот Меси носи копачки „Адидас“ уште од 2006 година и затоа неговите копачки беа покриени на оваа промоција на опремата на „Најки“.

Во ПСЖ 15-мина фудбалери носат копачки од „Најки“, 13 користат од „Адидас“, двајца се со „Пума“, а Серхио Рамос користи копачки „Мизуно“.

- Оглас -

Најнови вести