Германска фудбалска легенда загуби чуден облог и сега ќе биде тренер на осмолигаш

Марио Баслер е нов тренер на германскиот осмолигаш Туркгучу Оснабрик, а го прифати предизвикот откако загуби облог и меч во сквош со свој пријател кој е член на клубот.

Баслер без приговор прифати да биде на клупата на нисколигашот што настапува во Крејслига Ц, што е осми по ранг степен на натпреварување во Германија.

Клубот се бори за промоција во повисок ранг на натпревари и сега ќе има дополнителен мотив со голема германска легенда на клупата.

Баслер е многу познато име во светот на фудбалот и има многу трофеи. Двапати беше првак на Германија со Баерн Минхен, а има десетина трофеи, меѓу нив и тој од Европското првенство во 1996 со Германија.

За популарниот Маншафт одигра 30 натпревари и постигна 2 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести