Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков е безбеден во Полтава, чека инструкции за да замине од Украина

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков очекува инструкции од својот клуб Ворскла Полтава за да си замине од Украина, каде што од утрово има и воени дејствија.

Украинското првенство е прекинато, а како што вели Зајков, во Полтава досега немало воени десјтвија од руската армија.

„Градот Полтава, каде што се наоѓаме, не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број ресторани. Доколку има некои нови информации, ќе се обидам да пренесам”, изјави Ѓоко Зајков.

Ворскла е украински прволигаш, за кој Зајков потпиша договор во зимскиот преоден рок, но по сè изгледа, нема да има можност да дебитира, туку ќе мора да го напушти клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести