Тренерот на Динамо Киев, еден од најтрофејните фудбалски стручњаци во историјата, Мирчеа Луческу, рече дека нема намера да го напушти главниот град на Украина и покрај војната која се случува таму.
„Сите спортски активности во Украина се запрени на 30 дена, но јас нема да го напуштам Киев и да побегнам дома во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека оваа војна која ја почнаа идиоти, ќе биде запрена што е можно побрзо. Никогаш не ни помислував дека може да се случи вакво нешто“, изјави Луческу.