Тајсон раскажа како дрогираниот Бред Пит го молел да не го тепа

Некогашниот боксерски шампион Мајк Тајсон отворено зборуваше за моментот кога го начекал славниот глумец Бред Пит во спалната соба на еден од најголемите спортисти на сите времиња. Тајсон во тоа време започнувал бракоразводна парница со тогашната жена Робин Гивенс и требало се да се заврши со развод.

Сепак, пред да се случи и официјалната разделба, Мајк решил да замине кај Робин и да има секс со нејзе. Замисланата на Тајсон била една, а тоа што го затекнал сосема го шокирало. Некогашниот боксер го затекнал Пит во куќата на неговата жена, а глумецот се вкочанил кога го видел Тајсон.

„Кога ме виде, целосно пребледе. Јасно можеше да се забележи дека е на некакви дроги. Почна да ме моли да не го удрам“, објаснува Тајсон. Боксерот беше во брак со Гивенс само една година, во периодот од 1988 до 1989 година. Сега, по речиси 30 години од тој настан, Тајсон вели дека нема ништо против Бред Пит и дека тој е добар човек.

 

- Оглас -

Најнови вести