На Украинците не им беше лесно да играат, имаше и солзи при интонирањето на химната

Шпанија без проблеми ја совлада Украина во квалификациски кошаркарски меч за СП 2023 од групата во која е и Македонија.

Црвената фурија газеше 30 минути, а потоа се опушти и триумфираше со 88-74, но во центарот на вниманието беа гостите, кои до неколку часа пред мечот не знаеја дали ќе играат поради војната која се случува во нивната земја.

Украинците многу емотивно ја проследија химната, а кај Артем Пустовој, кој на образот имаше порака „Стоп за војната“, се појавија и солзи на очите.

По денешниот пораз на Македонија од Грузија и на Украина од Шпанија, извесно е дека македонскиот тим ќе мора да слави на двата меча дома со Грузија и Украина ако сака да оди во следната фаза квалификации, или ќе биде потребен триумф над Украинците од 18 или повеќе поени разлика.

- Оглас -

Најнови вести