Милан и Удинезе трет меч играат со ист резултат, кој е кошмарен за Росонерите (Видео)

Милан и Удинезе одиграа 1:1, во меч од 27. коло во Серија А. Росонерите беа големи фаворити, но уште еднаш ги разочараа своите навивачи на „Сан Сиро“. Во последните шест кола, Милан има само две победи, што секако не е добар биланс за тим кој се бори за титулата во Италија.

Рафаел Леао погоди во 29 минута и стана само вториот играч на Милан во историјата што во една сезона успеал да даде гол во секој ден од неделата во Серија А. Пред него тоа му успеало само на легендарниот Андриј Шевченко.

Сепак, фаворитот не успеа да ја сочува предноста и Удинезе со гол во 66 минута стигна до 1:1.

Ова е трет меч во последните 11 месеци во кои играат Милан и Удинезе и сите три завршуваат со ист резултат, односно 1:1.

- Оглас -

Најнови вести