Кличко: Руските сили се блиску, ова ќе биде тешка ноќ

Градоначалникот на Киев и некогашен светски боксерски шампион Витали Кличко денеска објави фотографии преку кои се гледа дека е со оружје во рака во обид да го одбрани главниот град на Украина од руските воени сили.

Кличко се огласи преку својот Телеграм канал најави дека граѓаните на Киев ги чека тешка ноќ.

„Без претерување, Киев е во голема опасност. Пред нас е тешка ноќ и тешко утро. Руските трупи се блиску до градот. Диверзантските групи беа неутрализирани од војската и другите сигурносни служби. Мостовите во градот се под посебна контрола и таму патролираат војници. Им благодарам на граѓаните и нивната подготвеност да го одбранат градот и земјата“, рече Кличко во објавата.

 

- Оглас -

Најнови вести