Речиси целата светска јавност се обедини против воениот напад на Русија врз Украина. Речиси и да нема спортски настан во овие два дена, а да нема некоја порака поврзана со војната во Украина. Едноставно, спортските натпревари станаа „полигон“ за политички пораки.
На дербито во полскиот фудбал меѓу Легија Варшава и Висла Краков, се случи „обединување“ на навивачките групи на двата тима. Фановите на овие клубови се познати како „смртни непријатели“, но вечерва заеднички скандираа против претседателот на Русија, Владимир Путин и неговата одлука за напад врз Украина.
„Руска ку*ва“, ечеше на стадионот во Варшава од страна на фановите на двата клуба.