Интер го копира Милан, не успеа да го победи мајсторот за нерешени

Џенова и Интер одиграа со најнепопуларниот резултат 0:0, во меч од 27. коло. За Џенова ова е неверојатно 14 реми сезонава, но тоа не е доволно доскорешниот тим на Горан Пандев да избега од претпоследното место на табелата. Џенова има само 17 бодови и е со мали шанси да се спаси од испаѓање.

Шампионот Интер е во лоша форма, а тоа се покажа и на овој меч кога не успеа да го скрши отпорот на домаќините. Во последните шест кола, Интер има само една победа, три нерешено и два порази.

Нераѕурите пропуштија шанса со победа да го стигнат градскиот ривал Милан на првото место на табелата, но наместо три, освоија само еден бод. Статистички, Интер имаше 72 отсто посед на топка, гостите шутнаа 20 пати, имаа 14 корнери, но тоа не беше доволно да постигнат гол.

Во денешната понуда од италијанската Серија А, Милан дома киксираше против Удинезе и одигра само 1:1. 

- Оглас -

Најнови вести