Харден имаше топ-деби за Филаделфија, во НБА се одигра меч со неверојатен број на поени (Видео)

Џејмс Харден дебитираше за Филаделфија 76 и покажа дека ќе биде големо засилување со учинок од 27 поени, 12 асистенции и 8 скока во победата против Минесота тимбервулфс со 133:102.

Брадата одлично соработуваше со првата ѕвезда во тимот, Џоел Ембид, а двајцата заедно постигнаа 61 поен, имаа 18 скока и 15 асистенции.

Харден пристигна во Филаделфија како дел од трампата во која Бен Симонс замина во бруклин нетс.

https://twitter.com/NBA/status/1497403611281825792?s=20&t=Jq5FD3-EfHP6TiV0E7hc1g

Неверојатен меч со вкупно 310 поени одиграа Вашингтон визардс и Сан Антонио спарс, а победија гостите со 157:153 по две продолженија.

Во големото градско дерби на Лос Анџелес, Клиперс беа подобри од Лејкерс со 105:102.

Во Њујорк блескаше Ер-џеј Берет со рекордни во кариерата 46 поени, од кои30 постигна во првото полувреме. Двата ефекти му се најдобри во кариерата.

Во Њујорк се случи уште едно чудо и незадоволните навивачи на Никс во еден момент почнаа да навиваат за Мајами хит, незадоволни од игрите и резултатите на својот омилен тим.

Њујорк загуби од Мајами во „Медисон сквер гарден“ со 100:115, што им е четврти пораз по ред, кој ги оддалечи од плејофот.

Резултати: Шарлот – Торонто 125:93, Индијана – Оклахома 125:129 по продолженија, Орландо – Хјустон 119:111, Вашингтон – Сан Антонио 153:157 по две продолженија, Њујорк – Мајами 100:115, Минесота – Филаделфија 102:133, Феникс – Оклахома 102:117, Јута – Далас 114:109, Л.А. Лејкерс – Л.А. Клиперс 102:105.

- Оглас -

Најнови вести