Серијата дебакли на Лидс и големиот број на примени голови во Премиерлигата, ја натераа управата на клубот да размислува да разрешување на тренерот Марсело Биелса.
Аргентинецот важи за многу ценет тренер, сите се воодушевуваа на стилот на игра на Лидс минатата сезона, но сезонава сликата се смени. Нападот е атрактивен и некогаш ефикасен, но го нема притисокот кога противникот ја држи топката, одбраната е очајна и примаат премногу голови. Само во февруари, Лидс прими 20 гола и тоа е негативен премиерлигашки рекорд.
Не само што се најавува дека Биелса ќе добие отказ, туку веќе се шпекулира и со името на новиот тренер. Станува збор за Американецот Џеси Марш кој би требало да седне на клупата после Биелса. Марш ги има водено Лајпциг и Салцбург.