На Реал Мадрид и на Баерн доволно им беше по еден гол за да освојат три бода

Најтрофејните клубови во Шпанија и Германија, Реал Мадрид и Баерн Минхен освоија по три бода во трката за трофеите во домашните првенства. Реал гостуваше кај Рајо Вајекано и победи со 1:0, а со ист резултат славеше и Баерн во Франкфурт против Ајнтрахт.

Карим Бензема по кој знае кој пат е херојот на Реал Мадрид. Францускиот репрезентативец погоди во 83 минута и тоа беше доволно за победа на гостите. Баерн малку порано се радуваше. Лерој Сане погоди во 71 минута, а до крајот на дуелот, гигантот од Минхен успеа да ја сочува предноста.

- Оглас -

Најнови вести