Најнеефикасното градско дерби е „запечатено“ дека ќе биде со 0-2 голови

Црвена ѕвезда и Партизан според многу рангирања е едно од Топ 10 градски дерби дуели во Европа. Низ историјата, овие два тима имаат одиграно дури 165 меѓусебни средби, кои испишале многу драматични моменти.

Често пати овие дерби дуели биле решавачки и околу прашањето за титулата во домашното првенство, а и сега е слична ситуација. Партизан е лидер со 65 бодови од 23 меча и речиси перфектен биланс. Црно-белите имаат 21 победа, само две нерешени и ниту еден пораз. Во овие 23 меча примиле само шест гола и ја имаат можеби најдобрата одбрана во цела Европа.

Црвена ѕвезда е со 19 победи, три нерешени и еден пораз, па заостанува пет бода зад вечниот ривал. Црвено-белите ја имаат предноста на домашен терен, но и притисокот дека мора да победат за да ја намалат негативата на само два бода.

Традицијата е нешто кое игра многу голема улога во овие натпревари, а таа вели дека нема да има многу голови. На 13 од последните 15 дуели натпреварите завршувале со 0-2 гола. Ако се погледне малку подалеку низ историјата, во последните 14 години, одиграле 41 натпревар, а само на осум пати имало повеќе од два гола.

Фактот дека Партизан има одлична одбрана и тоа дека гостите се во одлична форма, е само дополнителен гарант дека нема да има повеќе од два гола и денеска на стадионот „Рајко Митиќ“.

- Оглас -

Најнови вести